Охрид во знакот на детската култура, богата детска програма на плоштадот „Вангел Наумоски“

Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, денес, 11 септември на плоштадот „Вангел Наумоски“ – Мини маркет ќе се одржи богата детска културна програма исполнета со приказни, музика и песна.
Програмата ќе започне со промоција на детската сликовница „Охридски Градинарчиња“, чиј автор и промотор е Роза Костеска. Преку ова дело, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со приказна исполнета со детска фантазија и љубов кон Охрид.
Детската вечер ќе продолжи со концертот „Распеано Рибарче“, кој ќе донесе весела музичка програма и уште една можност за најмладите посетители да уживаат во културните содржини под отворено небо.
Најмладите посетители ќе имаат можност да уживаат во весела музичка програма и да бидат дел од уште една детска културна вечер под отворено небо.



