Skip to main content

Охрид доби два современи центри за лицата со посебни потреби

Охрид добива два нови современи Дневни Центри. Еден за лица со пречки во развојот и друг за деца со аутизам. Во него ќе работат 6 стручни лица, од кои тројца ќе ги исплаќа Министерствот за труд и социјална политика а останатите Локалната самоуправа на Охрид. Со тоа конечно дневниот центар за лицата со посебни потреби „Зраци“ ќе се институционализира.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, го означија стартот на градежните активности за реновирање на објектот во кој ќе бидат сместени двата Дневни центри, за лицата со пречки во развојот и за деца со аутизам. Имено во рамки на ОУ „Братство единство“ ресорното министерство и општина Охрид со заеднички сили ќе опремуваат простории со вкупна површина од 210 м квадратни, специјално наменети за лицата со посебни потреби. Градоначалникот Бакрачески истакна дека со тоа создаваат услови за непречено функционирање на центри кои што ги опфаќаат сите категории на граѓани со пречки во развојот.

„Знаете дека ние во изминатите две и пол години го помагавме работењето на центарот успвавме да изнаоѓаме финансиски средства за ангажирање на стручни лица кои ќе работат со лицата со пречки во развојот, во текот на тие години во два наврати преку програми на УЕНДП успеавме да изнајдеме финансиски средства. Во договор со министерот за труд и социјална политика г- динот Диме Спасов во изминатиот период заклучивме дека за непречено функционирање на овие центри да обезбедиме средства со кои ќе се ангажираат 6 лица, од кои 3 ќе бидат финансирани од Министерствот а три од Локалната самоуправа кои постојано ќе работат со воие категории на граѓани“ – вели Бакрачески.

Оспособувањето на двата Дневни центри во Охрид претставува нов проект на Владата на РМ, односно ресорното министерство, информираше Диме Спасов министерот за труд и социјална политика. Додаде дека активностите се реализираат со заедничка инвестиција со општина Охрид.

„После завршувањето на реконструкцијата и обновувањето на овој објект целосно ќе биде опремен од страна на министерството, во соработка со општината,заедно ќе обезбедиме и кадар кој ќе функционира и работи со дечињата со попреченост во овие два центри и ќе ги покриеме и трошоците за редовно одржување на овие центри. За некого можеби ова се навидум мали проекти но пред се за родителите за лицата со пречки во развојот и на децата се битни со што ќе се подобрат условите за живот во општина Охрид“ – изјави Спасов.

Инаку министерот Спасов и градоначалникот Бакречески го посетија и охридскиот Центар за социјална работа кој е целосно реновиран и обновен со нова опрема. Министерот информираше дека на ниво на земјава реновирале 30 објекти од кои 18 Центри за социјална работа и 12 Дневни Центри. Тоа се одвивало во три фази. Средствата за првата и втората фаза во висина од околу 50 000 000 денари биле обезбедени од Светска Банка, додека пак за третата фаза средствата во висина од 72 000 000 денари биле обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ.

{loadposition content9}