Охрид доби уште една година рок за зачувување на статусот на УНЕСКО
Охрид доби уште една шанса, нов рок една година за исполнување на препораките. На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, денес е усвоен амандманот со кој се одложи нацрт одлуката за впишување на регионот на Листата светско наследство во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата има рок до 1. февруари идната година да достави извештај.
–Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на РМ и Владата на Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци. Со една заедничка дипломатска офанзива успеавме да обезбедиме уште една година за спроведување на препораките коишто ќе ни бидат важни. Одлуката на Комитетот за нас е поттик и мотивација најсериозно да продолжиме со конкретните мерки кои ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките на реактивните мисии и од 2020 и 2024 година како и на Стратегискиот план за рехабилитација, рече министерот за култура Љутков.
Градоначалникот Кирил Пецаков денес имаше средба со амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, на која што истакнаа дека заеднички ќе работат на зачувување на статусот на Унеско.
–Охрид е навистина еден скапоцен камен, има огромен потенцијал така да мислам сите треба да работиме заедно, сите чинители кои се во оваа сфера за да можеме да ја подобриме состојбата на Охрид и да го заштитиме статусот кој го ужива моментално во УНЕСКО и за да можеме да осигураме и од еколошка гледна точка но и од урбанистичка гледна точка да можеме да осигураме одржливост на овој регион, рече Михалис Рокас.
–Ако ги погледнеме и поделиме што значи забелешки и препораки за Охрид што за друга трета четврта оптшина. Што значи за државата, што значи за соработката меѓу двете држави, да критичен е. Ќе поразговараме за сите забелешки кои се насочени кон нас, но и за се она што го содржи извештајот, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
Пред два дена, 40 организации од регионот и Европа побараа од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да го впише Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност, со цел да се заштити од уништување.
Новинар Соња Рилковска