Охрид ќе добие современа градска библиотека
Годинава Охрид ќе добие современа градска библиотека од отворен тип, истакна Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска.
Годинава Охрид ќе добие современа градска библиотека од отворен тип, истакна Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска, при нејзината денешна посета на оваа национална установа. Министерката ја најави и конзервацијата на една од нашите највредни книги, „Прохор-пчинското евангелие“.
Охрид до крајот на годината ќе добие современо уреден простор според сите светски стандарди за библиотечно работење и чување на богатиот книжевен фонд од околу 150 илјади библиотечни единици на националната установа библиотеката „Григор Прличев“, истакна при денешната посета, Министерката за култура на РМ, Елизабета Канческа Милеска.
„ Владата на РМ минатата година донесе одлука за доделување на трајно користење на простор со површина од 200 метри квадратни лоциран во центарот на Охрид и до една добра близина на библиотеката.Новиот простор каде што денес се наоѓаме се состои од два ката и во него ќе биде сместен комплетниот книжевен фонд“ објасни министерката.
Министерката Канческа-Милеска објасни дека на долниот кат од просторот ќе биде сместено детското одделение, додека во горниот дел ќе биде сместен книжниот фонд за возрасни читатели со пулт за информации. Предвидена е и современо опремена читалница наменета за возрасни каде што на сите граѓани ќе им биде достапен богат фонд на книги и многу значајни дела што ги поседува библиотеката. Со проектот доставен до министерството, од страна на библиотеката, предвидена е и реконструкција на дел од постојната зграда каде сега е сместена библиотеката, во која е предвидено да има сала за симпозиуми, читална за студенти и интернет читална.
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Др. Никола Бакрачески истакна дека културата има посебно место во нивната програма.
„Ќе вложуваме во многу големи и сериозни проекти, со кои ќе го издигнеме овој сегмент од живеењето во Охрид на едно многу повисоко и поквалитетно ниво“ информира кандидатот за градоначалник, Бакрачески.
Инаку целукпното финансирање на овој проект е на Министерството за култура, а ќе се спроведува преку годишната програма за финансирање на проекти.Министерката при нејзината денешена посета ја најави и конзервацијата на една од нашите највредни книги, „Прохор-пчинското евангелие“.
{loadposition content9}