Skip to main content

Охрид домаќин на „Ден на езерото“

Тринаесет години жителите на трите езерски града Охрид, Струга и Поградец, го слават Денот на езерото 21 ви јуни. Годинава Охрид е домаќин на оваа манифестација, на која од година во година се повеќе до израз доаѓа добрата соработка меѓу двете соседни земји на полето на туристичкиот и економскиот потенцијал на трите крајбрежни града.

 |  Николоска Биљана  | 
ezero
езеро

Охридско езероУметничка програма, забава, велосипедски караван околу крајбрежјето на Охридското Езеро, се само дел од содржините од заедничкото одбележување на Денот на Езерото, на трите соседни града Охрид, Струга и Поградец. Нашиот град годинава, домаќин на оваа манифестацијата. Промоција на целокупната туристичка понуда на охридското крајбрежје, е само дел од низата активности предвидени во рамките на одбележувањето на овој настан, изјави Ѓоко Апостоловски, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Воедно Апостолоски најави што ќе се случува во текот на утрешниот ден.

„Настанот ќе започне утре во 11 часот на градскиот плоштад, при што поздравен говор ќе имаат тројцата градоначалници г-динот Никола Бакрачески, г-динот Зијадин Села и г-динот Артан Шкемби, како и обраќања на секретарите на Билатералниот секретаријат на комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро г-динот Аријан Мероли и г-динот Дејан Паноски, по што следува уметничка програма замислена е да има промотивен карактер во смисла е бидат промовирани традиционални песни од Охрид Струга и Поградец“.

den na ezeroАпостолоски потенцираше дека утре се отвара реална можност  градоначалникот на Охрид, со делегации од Тирана, да остварат средба, на која акцент ќе се даде на тоа албанските туристи организирано да доаѓаат во Охрид.

„Во склоп на оваа манифестација во соработка со економскиот промотер на  Р. Македонија во амбасадата на Тирана во Алабанија г-динот Фатос Мустафа, организирана е студиска посета на 25 члена делегација од Албанија составена од Тур – оператори и медиуми, при што ќе имаат можност на лице место да се запознаат како со туристичкиот и економскиот потенцијал на Охрид, исто така ќе има средба со градоначалникот и претставници на Локалната самоуправа, а во соработка со ХОТАМ ќе им биде организирано и разгледување на хотелите и угостителските капацитети во Охрид како и туристички агенции итн, со цел да остварат контакти да почниме на еден поорганизиран начин да го привлечиме и Албанскиот пазар“.

Апостолоски за крај како домаќин, ги покани сите граѓани и гости во градот да го следат овој настан, а посебно повика на масовност во учеството на рекреативната велосипедска трка околу крајбрежјето на Охридското езеро, бидејќи истата има хуманитарен карактер.

{loadposition content9}