Skip to main content

Охрид викендов домаќин на Lychnidos Cup 2026, изложба на врвни кучиња

Охрид викендов ќе биде центар на кинологијата
 |  инфодеск  | 

Овој викенд во Охрид ќе се одржи Lychnidos Cup 2026, изложби на кучиња.

-Два дена, топ кучиња елитни судии. Рок за поднесување на пријавите е вечерва на полноќ. Цена за учество е 600, односно 1.200 денари во зависност од возраста и расата, додека за караман, македонски царски загар и за македонски паничар учеството е бесплатно, информираат организаторите.

Канцеларијата ќе биде отворена во 16 часот во сабота, а почетокот на изложбата е закажана со почеток од 18 часот. Изложбата во недела започнува во 10 часот.

Настанот ќе се одржи на СРЦ „Билјанини извори“, веднаш до тениските игралишта.

Организаторите потсетуваат дека рокот за поднесување на пријавите е во среда на полноќ.