Срц билјанини извори

Охрид домаќин на фудбалски младински турнир

Настанот се одржува прв пат во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови, а под покровителство на градоначалникот.
 |  инфодеск  | 
Фудбалски турнир

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков имаше поздравно обраќање на фудбалскиот младински турнир „Охридски фудбалски надежи“ кој што се одржува на големиот фудбалски терен при СРЦ „Билјанини извори“.

Настанот се одржува прв пат во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови, а под покровителство на градоначалникот Пецаков кој пред присутните рече:

Почитувани присутни огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на првото издание на фудбалскиот младински турнир „Охридски фудбалски надежи“ што го организира Општина Охрид, а на кој учествуваат 550 деца од генерацијата 2010- 2015. Велат дека една од најважните споредни работи на светот е спортот. Спортот има многу важна улога во активното користење на слободното време, а за многумина претставува професионална определба и животна пасија. Секој спорт е добредојден и за телото и за духот, а посебно фудбалот како спортска дисциплина е интересен за најмадите.

Спортските активности во современите општествени услови претставуваат интегрален дел од човековата дејност заради остварување на одредени општествени цели во областа на образованието, воспитувањето, културата, здравството, социјалната политика, одбраната и безбедноста, а во извесна мера и во афирмирањето на националните вредности.

Спортот е оној кој нè обединува, кој нè прави горди и достоинствени, кој нѝ го покажува патот за здрав и квалитетен живот. Со други зборови, спортот го потикнува и доброто расположение и помага да останеме во добра работна форма. Во динамичнава денешница, каде постојано сме во трка со слободното време, сите треба да го прифатиме спортот како еден од механизмите за водење здрав живот. Затоа и заеднички треба да живееме во склад со слоганот: доброто здравје кое доаѓа од здравиот дух и здравото тело значи здрава нација.

Токму поради значењето на спортските активности за човечкото здравје и општествениот развој Општина Охрид и во иднина ќе организира, а јас ќе бидам покровител на вакви спортски случувања. 

На крај на овие млади фудблски таленти кои се навистина во задоволителен број им посакувам успешни натпревари. Сите се добри, но нека победи највештиот тим. Со надеж дека ова спортско случување ќе добие традиционален карактер и дека до година ќе биде уште помасовно го прогласувам почетокот на младинскиот фудбалски турнир „Охридски фудбалски надежи“ 2022 –  истакна градоначалникот Пецаков на вчерашното отворање на фудбалскиот турнир.

Фудбалски турнир

На турнирот ќе настапат 36 екипи од Охрид и регионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top