Skip to main content

Охрид домаќин на настанот „Конзулски мозаик“

Во Охрид денес се одржа трибината Конзулски мозаик. Целта на настанот е поврзување на конзулите со невладините, локалните самоуправи и бизнис заедницата. Идната година во Охрид ќе бидат пoставени информативни табли за конзуларните претставништва.
 |  инфодеск  | 

Охрид денес домаќин на настанот „Конзулски мозаик“. Трибината, која што има за цел да ја промовира конзулската професија се одржува по втор пат во земјава. Лани во Битола како Град на конзулите, денеска во Охрид кој е втор град во земјава по број на отворени конзуларни
претставништва. Целта на настанот е поврзување на конзулите со невладините, локалните самоуправи и бизнис заедницата.

Идната година во Охрид ќе бидат поставени информативни табли за конзуларните претставништва.

Морам да ги најавам двата проекти кои се договорени за 2026 година, значи со општина Охрид се договоривме да бидат поставени две паметни табли едната пред општинската зграда, а другата во центарот на градот каде што преку бар код ќе можеме да допатуваме веднаш до локациите на познатите почесни конзулати. На самата страница ќе бидат напишани нивните имиња и презимиња, истакнати и нивните симболи од нивните земји, вели Марија Ташковска организатор на Конзулски мозаик.

Идната година ќе се организира и виртуелен саем со Р. Турција, а воедно ќе се снимаат и репортажи од Охрид и земјава.

Вториот настан е со Р. Турција, сакаме да направиме еден виртуелен саем во кој што освен можностите за вработување, за посета и размена на студентите меѓу двете земји кои се во голем број и да ја претставиме традиционално македонската и турската храна музика и култура. Тоа се тие два проекти кои што ги најавуваме за 2026, а во моментов работиме на еден проект кој што е поврзан со промоција на туризмот. Во месец април потпишавме договор за соработка со една од најпознатите музички продукциски куќи од Швајцарија и ги покрива земјите од екс ју просторите. Снимени репортажи прилози од страна на локалните самоуправи ќе направиме една убава промоција и надвор од нашата земја, додава Ташкоска.

На настанот свои говори одржаа двајцата конзули Михајло Филев и Абдураим Бајрактар. За економска дипломатија зборуваше претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, а за привлекување странски инвестиции говор имаше Виктор Мизо, генералниот директор на Костал.

Новинар Соња Рилковска