Охрид домаќин на конференција на европските туристички училишта
Течат завршните подготвки за одржување на 25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта ивишите школи од Европа.
Течат завршните подготвки за одржување на 25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи од Европа. Од утре до 12 октомври Охрид ќе биде домаќин на средбата на која се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор на конференцијата е скопското туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира директорот на ова училиште, Секула Баткоски.
„ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за нас ќе биде подостапна за европските ученици и професори“, објаснува директорот на училиштето.
Вообичаено на конференцијата на европските туристички училишта има и натпреварувачки дел. Европските ученици од туристичките училишта ќе ги покажат своите вештини од 8 области, како што се готварство, барменство, послужување. Меѓу натперваувачите ќе има 9 – мина македонски ученици, вели Баткоски.
„ Учениците ќе се дружат меѓусебе, а ќе се натпреваруваат како мешан тим. Екипите за натпреварување ќе бидат составени од ученици од различни земји. Таков е стилот на овие натпреварувања кои се и многу скапи“, вели Баткоски.
25-та Конференција на асоцијацијата на трустичките училишта од Европа ќе биде свечено отворена утре во Спортско рекреатвиниот центар„Билјанини извори“. Натпреварувачкиот дел, пак ќе се одржува во хотелите Метропол и Белви.
Мината година домаќин на Асоцијацијата на туристичките училишта и виши школи од Европа беше Хаг, Холандија.
{loadposition content9}