Skip to main content

Охрид домаќин на регионална манифестација „Денови за доживотно учење“

Охрид домаќин на регионална манифестација „Денови за доживотно учење“.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот работнички универзитет Кузман Шапкарев домаќин на регионалната манифестација за одбележување доживотно учење. Образованието и доживотното учење ги опфаќаат сите форми од формално и неформално, информално и доживотно учење, напоменува Славица Ристеска  директор на  работничкиот универзитет.  

„ Целта на оваа манифестација е да се поттикне поединецот и свеста на секој дека потребата  од доживотно учење е во центар на секое поединечно суштество  во образованието и во подобрување на животот и егзитенцијата“, вели Ристеска.

Нашите курсеви имаат потреба да ги посетуваат поединци од средната возраст, оние кои со формалното образование не нашле вработување, не се задоволни од вработувањето  или имаат желба да се едуцираат или  да се прекфаликуваат. Има лица кои сакаат да го направат тоа ама немаат финансиски можности да посетуваат такви курсеви, додава Ристеска.

 

„ Можеби во таа насока државата и локалната да изнајдат средства и за невработените лица и оние кои имаат желба да вложуваат во себе да се издвојат средства и да им се овозможи на тие лица да посетуваат курсеви бидејќи само преку образованието ние како држава може да одиме напред и да се вклучуваме во сите европски текови,“ нагласува Ристеска.

На регионалната манифестација учествуваа претставници од секторот за образование од Охрид, Прилеп, Битола,  Струга. Финансиски е поддржана од ДВВ Интернационал, од Центарот за образование на возрасни  и од охридската  Локална самоуправа.