Skip to main content

Охрид домаќин на најмасовниот Балкански бадминтон шампионат досега

Од денес па до недела, во салата „Билјанини извори“ силите ќе си ги одмеруваат бадминтон репрезентациите од Балканот во сениорска и ветеранска конкуренција.

 |  Мишел Наумоски  | 
badminton
бадминтон

Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава дека Охрид како град, веќе трет пат е домаќин на натпреварувања во бадминтон.

balkansko prvenstvo badminton„Досега два пати бевме домаќини и организатори на бадминтон шампионат во јуниорска категорија. Со самиот развој на нашиот спорт и развојот на спортот воопшто во Македонија, добивме можност да бидеме домаќини на еден ветерански настан по категорија многу потежок, што значи дека и Охрид како домаќин и ние како федерација сме го положиле оној првичен испит по однос на тоа што сме на Балканов, најмлада федерација, постоиме само 10 години и за овој период ова сметам дека е и за нас и за градот Охрид огромен успех.“-вели претседателот на Бадминтон федерацијата на Македонија, Диме Стефановски.

Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев, вели дека ова Балканско првенство во бадминтон е само почеток на повеќе други значајни спортски настани кои ќе се одигруваат во Охрид.

badminton prvenstvo„Оваа година имавме одржување на голем број на спортски настани во „Билјанини извори“. Во моментов сме домаќини на Балканското првенство во бадминтон. Ни претстои од 16ти до 18ти Октомври Балканското првенство во карате. Ова е уште една потврда дека сме подготвени и дека имаме капацитети за организирање на спортски настани од ваков калибар, така што градот Охрид и „Билјанини извори“ на некој начин станаа домаќини на одржување на спортски настани од ваков калибар.“-рече директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев.

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев пак изрази надеж дека се повеќе и повеќе вакви спортски настани ќе се случуваат во градот бидејќи според него, развојот на спортскиот туризам е еден од начините за развој на самиот град.

Ohrid balkanijada badminton„Општина Охрид како определба има овие натпревари и сега и понатаму се повеќе и повеќе да се организираат, Охрид како град да не биде посетен само во месеците кога спортот се практикува, мај, јуни, јули, август, туку и месеците кои понатаму доаѓаат, септември, октомври, ноември, декември. Во таа насока значајна е и определбата на градоначалникот на општината, Никола Бакрачески и локалната самоуправа и раководните лица на ЈП „Билјанини извори“ и тоа како да размислуваат за инвестирање во сите оние капацитети кои што се потребни за развој на спортскиот туризам во општината.“-изјави Ангел Јанев, заменик-градоначалник на Охрид.

Инаку ова Балканско првенство во бадминтон ќе трае од 11ти до 14ти септември, а натпреварите ќе се играат во периодот од 10 до 19 часот во спортската арена „Билјанини извори“. На првенството свое учество земаат 10 држави, Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Романија, Молдавија и Босна и Херцеговина.

{loadposition content9}