Skip to main content

Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија

Во Охрид се одржаа спортските игри на телесните инвалиди од Македонија.  Организатор и домаќин на овој спортски настан е Здружението на инвалиди на трудот од нашиов град. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно. На најдобрите екипи им беа доделени признанија за постигнатиот успех.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија. Овие игри се одржуваат по четврти пат, а нашиот град по прв пат е нивни домаќин. Трудови инвалиди од повеќе градови од државава се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини, како што се трчање на 100 метри, шах, домино, пикадо, фрлање ѓуле. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно со останатите луѓе кои својот инвалидитет најчесто го добиле на работното место.

Овие спортски игри значат многу за нас бидејќи се дружиме, спортуваме, се среќаваме со нашите членови од цела Македонија. Прво се одржуваат регионалните спортски игри, па потоа републичките, вели Крсто Цанев – претседател на  Национален сојуз на инвалиди на РМ.

Во Македонија има околу 40.000 инвалиди на трудот.
Во Охрид денес пристигнаа околу стотина од осум градови во Македонија. Организатор и домаќин на овој спортски настан е Здружението на инвалиди на трудот од нашиов град кое брои околу 1380 членови и ова за нив претставува голема чест.

Досега сме помогнати онолку колку што локланата и централната власт имаат средства. Ние мора да добиваме средства бидејќи нашиот фонд како здружение е мал. Здружението функционира и работи исклучиво со парите од солидарниот фонд од членовите на здружението, вели Климе Димоски- претседател на Здружение на инвалиди на трудот од Охрид

 Спортските игри протекоа во најдобар ред. Учесниците беа задоволни од организацијата, а на најдобрите екипи им беа доделени признанија.