Skip to main content

нуркачки центар „Амфора“

„Охрид ЕКО 2025“: Викендов ќе се чисти дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализираат еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“, за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
 |  инфодеск  | 
amfora nurkaci

Во сабота, на 10-ти мај 2025 година, на повеќе локации, нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“, заедно со 100 други нуркачи од земјата и регионот ќе го чистат езерското дно од секаков вид отпад. Ќе се чисти кај Градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај селото Калишта.

– Акцијата ќе започне на Градското пристаниште во Охрид во 11:00 часот. Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главната туристичка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, потенцираат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.