Skip to main content

Охрид во фокусот на презентацијата на туристичките потенцијали на саемот за туризам во Белград

Градоначалникот Бакрачески од Белград потенцира дека враќањето на српските, но и туристите од други земји ќе биде основна цел на локалната. На презентацијата, покрај огромниот број на новинари и претставници на туристички агенции,  охридската и македонската делегација ја почести со своето присуство,нејзиното височество, српската принцеза Елисавета Караѓорѓевиќ.

 |  Мишел Наумоски  | 
saem turizam
саем туризам

Презентирањето на убавините на Охрид, побуди огромен интерес кај српските новинари и претставници на туристички агенции на вечерта посветена на промовирање на македонската туристичка понуда на 36от туристички саем во Белград.   Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од Белград за телевизија ТВМ потенцираше дека токму овој саем зазема исклучително значајно место во стратегијата за развој на туризмот, но и привлекувањето и враќањето на српските туристи на охридската ривиера.

Bakraceski Belgrad„Од оваа година организиравме сосема поинаков пристап  во нашата стратегија за учество на саемите за туризам со кои воведовме многу нови содржини, голем број на актери и асоцијации со кои имаме можност да оствариме средби токму овде, на Белградскиот саем. Координиран настап имавме заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Организиравме еден коктел, денови на македонскиот туризам и голем број на средби со туроператори и туристички агенции од Србија, со кои што на некој начин имаме намера да го вратиме бројот на српски туристи кои во минатото го посетуваа Охрид.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески посебен акцент стави на субвенционирањето на летови од и кон охридскиот аеродром со кои локалната ќе започне од годинава.

saem BelgradГрадоначалникот ја потенцираше и добрата соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, според која Охрид е главна туристичка атракција во туристичката програма на Македонија.

„Во нашата презентација во фокусот секако се наоѓа Охрид, како бисер, не Македонски, туку бисер Балкански. Имавме и заедничко претставување при презентацијата со општина Охрид. Очекуваме да има зголемување од страна на српските туристи. За минатата година бележиме раст од 11 проценти во однос на 2012 година. Во моментот се рангирани на третото место по број на посети во Македонија. Ние очекуваме тоа да се зголеми, можеби да се удвои и очекуваме наскоро да бидат на прво место.“-изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски.

princeza Elisaveta KaragjorgjevikНа презентацијата пред огромниот број присутни српски новинари и претставници на туристички агенции, свое излагање имаше амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко, директорката на туристичката организација на Србија, Гордана Пламенац. Пламенац, во своето обраќање упати понуда до македонската делегација за соработка и заедничко претставување на туристичките потенцијали на Србија и Македонија пред светот. Како  интересна можност, го посочи приклучувањето на Македонија кон двете културни рути кои поминуваат на овие простори „Трансроманика“ и „Патот на римските цареви“. Посебен белег на презентацијата остави и присуството на српската принцеза, нејзиното височество, Елисавета Караѓорѓевиќ, која доби покана да го посети Охрид.

„Многу сум трогната, со задоволство ќе ја прифатам поканата и ќе ги посетам Охрид и Македонија за да уживам во нивната убавина. Прифаќам од се срце.“-вели српската принцеза Елисавета Караѓорѓевиќ.

Нашиот осврт на презентацијата која ја водеше познатиот српски актер со македонско потекло Иван Беќарев го завршуваме со една мисла од говорот на охридскиот градоначалник. „Како што велат охриѓани, кој еднаш ќе се напие од водата на Билјанини извори, тој повторно ќе го направи тоа и во друго време. Мои српски пријатели, Охрид не е само туристичка дестинација, тоа е град кој го отвора своето срце на секој добронамерник.“ Па, да се надеваме српските туристи ќе бидат се побројни во нашиот град.

{loadposition content9}