Skip to main content

Охрид, Галичица и манастирот „Свети Наум“ дел од холандско патеписно шоу

Телевизиската екипа од Холандија веќе има започнато со снимање на приказната за убавините на Македонија. Освен интересните локалитети, холанѓаните ќе презентираат и ден од нашата национална кујна.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid
охрид

holandski dokumentarec OhridОхрид уште еднаш главна ѕвезда за Холанѓаните. Холандското патувачко шоу Channel 3 travels кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија снима документарна емисија за убавините на Македонија, во која секако се застапени Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс во Свети Наум. Тв екипата од Холандија веќе започна со снимање на знаменитостите и тоа на повеќе локации. Покрај убавините на нашиот град, Channel 3 travels ќе дел од емисијата ќе посвети на старите занаети во скопската чаршија, тврдината Кале, Даут пашиниот амам, спомен куќата на Мајка Тереза, Милениумскиот крст на Водно и кањонот Матка. Неизбежен дел од холандскиот документарец ќе биде и македонската национална кујна. Инаку оваа документарна емисија е резултат на соработката помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од Македонија и холандската јавна радиодифузна асоцијација „BNN Network“. Снимањето на локациите започна во понеделникот, а треба да биде завршено на 22ри овој месец.

{loadposition content9}