Охрид го одбележа денот на рибарите
Охрид го одбележа денот на рибарите. На Сараиште беше подготвена и рибна чорба од која беа поделени 2000 порции. Чорбата ја вкусија не само посетителите на манифестицијата туку и 60-тина стари и изнемоштени лица во градот и институциите, а за тоа се погрижија волонтерите на Црвен крст. Во водите на езерото имаше и традиционално капење на рибарите.
Денес се слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште. Градоначалникот Јован Стојаноски беше меѓу охриѓани и гостите кои не ги попречи облачното време и дождот да ја вкусат рибната чорба. Стојаноски упати порака уште многу години граѓаните да го слават празникот на пригоден начин како што доликува покрај Охридското Езеро.
„ Издржа и времето 30 дена и со целокупната програма од 20 до 20 го постигнавме очекуваниот ефект. Создадовме енергија и живост во градот да има интересни настани во текот на сите празнични денови пред и по Нова година. Веднаш со завршување на оваа програма започнуваме со Охрид живее 365 дена и со други настани со кои градот ќе биде уште пожив“, истакна Стојаноски.
За посетителите беше подготовена вкусна рибна чорба. За подготвакта се погрижија двајца стручни професори и 10 -тина ученици од Државното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“. Со помош на Локалната самоуправа беа обезбедени 400 кг ослич и други потребни продукти, вели директорот на угостителското училише Марјан Радески.
„Оваа година количината е околу 2 тони каде ќе има околу 2000 порции на рибна чорба. Мера која скоро секоја година ја правиме и е испробан тој рецепт“, информира Радески.
4 екипи со волонтери на ОО ЦК се погрижија денешната чорба да ја вкусат 60- тина семејства од ранливите категории и лицата згрижени во институции, посочува Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.
„Како и секоја година дел од рибната чорба ја неменуваме и дистрибуираме до оние кои не можат да дојдат на Сараиште. Тоа се луѓе во социјален ризик, инвалиди, стари и изнемоштени лица кои живеат во руралните средини“, напоменува Точков.
На Сараиште се одржа и традиционалното капење во водите на езерото. 50 -тина капачи се искапија и го продолжија ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести.