Охрид го одбележа историскиот датум засадението на АВНОЈ
Охрид го одбележа историскиот датум 75 години од одржувањето на Второто засадение на АВНОЈ. Историчарот Проф. Наце Ивановски говореше за значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава. На идните генерации им порача да ја чуваат и развиваат државата и да ја направат подобро место за живеење затоа што само дома си е дома.
Охрид го одбележа историскиот датум 75 години од одржувањето на второто заседение на Авној одржан на 29 и 30 ноември 1943 година во Јајце, БиХ. Историчарот, професор Наце Ивановски говореше за општествено политичките прилики во Европа во периодот 1938 -1945 година и создавањето за прв пат македонска држава во рамките на федеративната Југословенска држава. Иваноски потсети на датумите од воено-политичките случувања во текот на Втората светска војна во Европа, посебно на територијата на поранешна кралска Југославија. За развојот на ослободителното движење и одржувањето на Првото и Второто заседание на Авној. На тој историкси датум во Јајце, 1943 се донесени неклку значајни одлуки меѓу кои и идното внатрешно уредување на Југославија, кажа во своето излагање проф. Иваноски.
„Во одлуката се вели дека идната Југословенска федерација ќе биде заедница на рамноправни народи , 6 меѓу кои и македонскиот. Тие ќе станат републики во таа заедница. Со ова и официјално македонскиот народ за прв пат е прогласен за рамноправен со сите други , а е удар за сите оние кои порано го присвојуваа или негираа“, истакна историчарот Ивановски.
Со овој документ и официјално Македонија и Македонците се признаваат за посебна нација, се признава правото на своја држава како независна членка на федерацијата. На второто заседание на АВНОЈ избраното Претседателство кое донесло одлука сите решенија, прогласи и одлуки да се печатат и на македонски јазик. Тоа значи пред официјалната кодификација на македонскиот јазик и правопис во 1945 година , македонскиот јазик и азбука биле признаени како посебни, истакна Иваноски. Историчарот потсети на историските факти упати и порака до идните генерации и покрај сите слабости со кои се соочуваме денес да продлжат да ја градат државата.
„ Она што го започнале тие борци за обнова на државата по завршување на војната, да ја продолжиме да ја развиваме државата да биде подобро, да биде најудобно за секого, затоа што никаде не е како дома“, порача Ивановски.
На историскиот час беа присутни градоначалникот Јован Стојаноски, претседателката на Советот Живка Анѓелоска, воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, советници и средношколци од охридската гимназија.