Со бројни свечености Општина Охрид го прославува 2. Август – Денот на Републиката. Во рамки на чесвувањето, денес, делегација на Општина Охрид предводена од Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, заменик – градоначалничката Ана Крстеска и советничката Деса Косаркоска положи свежо цвеќе и се поклона пред спомен обележјето на Илинденците во Градскиот парк. Свежо цвеќе во Градскиот парк положија претставници на политички партии, здруженија на граѓани и инстиуции.
Делегација на општината предводена од советниците Леона Кичеец и Александар Здравески положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинската делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.