Skip to main content

Во Охрид има доволно образовни асистенти, но  недостига  инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата

Во Охрид има доволно образовни асистенти за учениците со посебни потреби, но  недостига  инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата. Потребни се стручни тимови и соодветна инфраструктура.
 |  инфодеск  | 

Сите ученици на кои им се потребни имаат образовни асистенти, но  недостига инфраструктурно и кадровско опремување на училиштата во Охрид.  

Потребни се екипирани стручни  тимови педагог, психолог, логопед, дефектолог. Поголемиот дел од училиштата во Охрид немаат  соодветна инфраструктура,  лифтови, тоалети, засебни простории, дидактички алатки.

Петнаесеттина образовни асистенти им помагаат на основците, а општина Охрид  обезбеди шест  за средните училишта.

„Ако речеме дека се доволни, не се доволни тие се само една помош која треба да биде во сорбабока со стручните служби и дефктолози и педагози. А знаеме дека дел од службите во училиштата не се комплетни.   Ова е како еден почетен чекор кој шо ќе биде олеснување и на учениците наставниците и родителите ќе се помогне во совладувањето на наставниот материјал. , вели Перчо Божиноски претседател на Советот на општина Охрид.

Во редовните  паралелки влегуваат и глувите деца. Секој ученик има различни потреби, за квалитетно инклузивно образование потребни се образовни асистенти со конкретни специјалности.

„На глувите деца им треба асистент кој го зборува знаковниот јазик и тоа што го зборува професионално  за да може да го научи на знаковен јазик, бидејки ако е дете на здрави родители тоа не може да го научи правилно знаковниот јазик.  Треба детето да го научи знаковниот јазик, образовниот асистент да го знае знаковниот јазик со таков образовен асистент глувото дете ќе има успеси”, вели Славица Стефаноска секретар во Здружението на глуви и наглуви Охрид.

Единствено училиште во Охрид  каде има инфраструктурни подготовки за инклузивно образование   е ОЕМУЦ Св Наум Охридски. Со грант од ЕУ  изградени се  специјализирани  тоалети, тактилни патеки за слепи ученици и лифт за инвалидизирани.  

Новинар Соња Рилковска