Охрид има една од најекспедитивните и најодговорни противпожарни единици
Со дефиле низ градот со уклучени сирени и со показна вежба денеска ТППЕ Охрид го прослави 20-ти мај Денот на пожарникарите. Хероите на градот, нашите пожарникари деноноќно се борат со секаков тип на интервенции, пожарникарството е комплексна професија, не се само пожарите, тука се и техничките интервенции, сообраќајните незгоди, земјотреси и поплави, истакна Командирот на охридската противпожарна единица, Борко Јанкулоски во своето обраќање пред гостите на одбележувањето.
„Јас како командир на ТППЕ Охрид, одговорно тврдам дека охридската пожарна е една од најекспедитивните, една од најопремените и најодговорни единици во Р. Македонија. Од почетокот на оваа година заклучно со денешниот ден имаме вкупно 202 интервенции од кои 152 се пожари на објекти, отворен простор и пожари на сообраќајни средства. Остатокот од 50 интервенции се технички, како сообраќајни незгоди, како што имавте прилика да ја погледнете и денешната вежба, останати елементарни непогоди, поплави и други активности и услуги кои ги извршуваат.“ – кажа Борко Јанкулоски, Командир на Територијалната противпожарна единица Охрид.
ТППЕ Охрид брои вкупно 39 пожарникари. Евидентен е недостигот од пожарникари, вели командирот.
„ За брзо време очекување пензионирање по новиот Закон кој треба да се имплементира, така да апелирам и до надлежните што побрзо да поведат сметка, треба да се примаат млади пожарникари се со цел поискусните колеги да можат со тек на време да ги обучуваат.“ – посочи Јанкулоски.
Возниот парк на противпожарната единица брои седум возила, сите во исправна состојба но со просечната старост од над 40 годни. Се прават напори истиот да се обновжи, вели командирот.До крајот на оваа година планирана е набавка на противпожарна цистерна од осум тона, со средства обезбедни преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион и учество на Општина Охрид. Исто така, во процедура е и проект со Јапонската амбасада за набавка на мало возило за шумски интервенции кое би се користело и во тесните улички во стариот дел на градот. Но и понатаму останува најболната точка за Охрид како туристички центар во делот на заштитата од пожари, а тоа е противпожарен пловен објект.
„ Знаеме дека Охрид не е е ист и вон сезона и во сезона. Имаме голем проблем особено на потегот кон Св. Наум. Во одредени интервали во денот имаме отежнат скоро никако пристап за недајбоже сообраќајни нереќи и пожари кои се случуваат. Пловниот објект можеби и е од најголема интност. Првенствено и за безбедноста на граѓаните на Општина Охрид, а пред се и на туристите кои доаѓаат. Би требало да се изработи некој проект, надлежните институции малку повеќе да се ангажираат на тоа поле се со цел да успееме во нашите намери.“ – потецира командирот Јанкулоски.
Командирот Јанкуловски на денешното одбележување на Денот на пожарникарите упати благодарност за досегашната поддршка и соработка до локалната и градоначалникот Кирил Пецаков, началникот нa СВР Охрид Игор Смилески и претставници на секторот. Посебна благодарност изрази и до членовите на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, кое претставува значаен сегмент од противпожарната заштита кој треба се повеќе да се унапредува во иднина.
Присутните имаа можност да проследат показна вежба на ТППЕ Охрид со соработка со екипа за прва помош на Црвен крст Охрид да проследат вежба – симулација на извлекување повредени лица од сообраќајна незгода.
Инаку, противпожарното дејствување на Балканот е започнато во Битола, на 20-ти мај 1836 година во време на Румелискиот пашалак, кога е формирана првата организирана противпожарна единица. Поради тој настан 20-ти мај се одбележува како Ден на пожарникарите.