Skip to main content

Во Охрид изработен првиот робот – хуманоид во регионот

Во димензии и лик на човек ќе може да се надоградува и усовршува да замени бројни активности на човекот. Тоа ќе биде првиот робот во земјава кој што ќе биде ставен во во оператива да работи во одреден сектор. Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор.
 |  инфодеск  | 

Изработен првиот робот – хуманоид во регионот. Роботот кој е во димензии и наликува на човек ги инкорпорира сите функции на груба и фина роботика и лесно може да учи од однесувањето на човекот. Да се надградува и усовршува во професионален контекст.

Тоа ќе биде првиот робот во земјава кој што ќе биде ставен во во оператива да работи во одреден сектор. Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор.

„Сигурно ќе најде примена во многу области, прво е туризмот и угостителството знаеме дека човештв ото надмина 8 милјарди луѓе светска популација и туризмот е една од гранките во експоненцијален раст со тоа што тргнувајќи од дома па и во другите држави се соочуваме со недостиг на кадар така што работите се конципирани да го заменат човекот во тие физички и репетитивни активности да можат евентуално да ни остават повеќе слободно време за себе си“, вели професорот Анис Сефиданис од УИНТ Св Апостол Павле Охрид.

После паметниот споменик на Прличев, неодамна беше создаден втор споменик, наречен виртуелен патник на иднината во форма на астронаут со природни димензии на човек, кој е ставен во стаклена призма и носи предвидувања односно предупредувања од иднината.

„ Всушност се работи за триметарски тотем , ова е уште еден производ во линијата на иновации во областа на дигиталната хуманост , првиот беше виртуелен Прличев, сега имаме еден универзален лик кој може да достигне до поширока публика но со сити цели од локалното кон глобалното. Покрај дигиталната хуманост има примена во образование веќе е поставен во УИНТ Свети Апостол Павле а студентите имаат можност да бидат во интеракција со него да учат на различни теми. На лик интеракција со ChatGPT. Може да му се обратите на било кој јазик и ќе ви одговори на истиот тој јазик“, појаснува Сефиданис.

Првиот македонски хуманоид робот ќе биде промовиран за празникот Илинден, а после промоцијата може да служи кафе или да подготвува јадење.

Новинар Соња Рилковска