Охрид со јасна одлука: Пецаков продолжува да биде Градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Советот
Од Државната изборна комисија потврдија дека актуелниот, д-р Кирил Пецаков, останува градоначалник на Охрид и во текот на следните 4 години, освојувајќи 16.565 гласови или 63,9% од гласовите. Неговите против кандидати, д-р Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата освои 6.151 (23,73%), Гоце Цветковски 630 (3,20%) и Стевче Стевоски од Твоја партија освои 450 гласови (1,74%).
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и на советничката листа – 12.680 (48,92%), пред СДСМ и Коалицијата кои освоија 4.637 гласови (17,89%). Движењето Знам – За Наша Македонија освои 2.116 гласови (8,16%), Левица 1.372 гласови (5,29%), Група избирачи Рушан Хода 970 гласови (3,74%), Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ) – 929 (3,58%), Коалицијата „Искуство за успех’, предводена од ЛДП освои 638 гласови (2,46%), Групата избирачи Арбен Далипи освои 635 гласови (2,45%), Група избирачи Данијел Стојановски 157 гласови (0,61%), Коалиција „Зелена иднина“ освои 122 гласови (0,47%) и Група избирачи Марија Младеновска 118 гласови (0,46%).
Според првичните информации на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освоија 13 мандати во Советот, СДСМ и Коалицијата 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1.