Skip to main content

Организиран дочек на градскиот плоштад

Охрид ќе блеска во новогодишно руво

И покрај енергетската и економската криза Охрид ќе биде украсен за Новогодишните празници. За бројните туристи кои се очекува Новогодишната ноќ да ја дочекаат во главниот туристички центар ќе има и организиран дочек на градскиот плоштад. Градоначалникот Пецаков вели ќе биде скромно и целокупната организација нема да чини повеќе од лани околу 12 000 евра.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Охрид ќе биде накитен за Новогодишните празници. И покрај енергетската и економската криза главниот туристички центар ќе има организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад.

Според градоначалникот Пецаков, програмата се уште не е финализирана, но целокупната организација нема да чини повеќе од 12 000 евра. Забава ќе има два денови на 31 декември и 1-ви јануари.

Ќе се украсува Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на Новогодишната забава, односно на оние кои ќе се погрижат за вечерта туристите да уживаат, а секако и охриѓани – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Кирил Пецаков

Одлуката да се организира Новогодишен дочек се коси со одлуката на Владата за штедење, но Пецаков е дециден Охрид е туристички центар и треба подготвен да ги дочека бројните туристи. Организирањето Новогодишен дочек ќе привлече голем број туристи и нема да има финансиски импликации.

Охрид е туристички центар, јас се надевам дека нивните одлуки кои ги носат и менуваат од денес до вечер, неповрзано со енергетската криза ќе почнат тие да ги почитуваат. А пак ќе кажам Охрид е туристички центар кој што ќе го посетат огримен број туристи и секако градот нема да трпи. Ние како локална ако го тргнеме настрана ЈП „Водовод“, сите оние долгови дали биле по однос на греење, дали биле за електрична енергија или било како настанати и во образование сме ги исчистиле како локална самоуправа воопшто не должи. Имаме една друга работа тоа е јавното осветлување кое е приватно партнерство склучено 2014/2015 кое го стопанисува приватна фирма и тие си имаат посебен договор за набавка на електрична енергија така што општината ќе нема било какви финансиски импликации за одржување на прослава – вели Пецаков.

Охрид

Охрид очекува голем број туристи за Новогодишните празници. Туристичките агенции во регионот Србија и Црна Гора на големо го нудат градот за дочек на Новогодишната ноќ. Најчесто тридневни аранжмани кои чинат од 90 до 140 евра, зависно од сместувањето и екскурзиите.

Новинар : Соња Рилковска