Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави дека во рамките на проектот „Да ги овековечиме вредностите“ (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот 55 години од неговото творештво, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.
-Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски. Среќен роденден Маестро!, стои во објавата на градоначалникот Пецаков.