Skip to main content

Локална самоуправа

Охрид ќе формира совет за превенции

Во земјава има малку општини со активни совети каде што се решаваат одредени проблеми. Во општините каде што се вложуваат напори за решавање на проблемите преку ваквите совети, има резултати, посочуваат од Центарот за Европски стратегии-Евротинк.
 |  Валентина Неловска  | 
охридско езеро

Од 80 општини во земјава само 31 има активни Локални совети за превенција, информира Александар Стојановски, истражувач од Центарот за Европски стратегии-Евротинк. Советот на општина Охрид, пак, неодамна на 10тата седница, донесе одлука за формирање на Локален совет за превенција. Овој локален совет е незадолжителен механизам дефиниран во Законот за локална самоуправа, а треба да го формира секоја општина, вели Стојановски.

„Тие се значајни алтаки за комуникација меѓу различните институции и граѓаните за да се адресираат одредени проблеми од јавен карактер. Во општините каде што се вложуваат напори за решавање на проблемите има и резултати“, вели Стојановски.

Од Центарот за Европски стратегии-Евротинк спровеле истражувања во општините. Истражувале дали општините имаат Локален совет за превенција, колку пати заседавале во последните 2 години, кој членува во нив и каков тип на дискусии имале. На барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер повратен одговор добиле само од 65 општини. Меѓу нив се и општините од Југозападниот плански регион, подвлекува Стојановски.

„Во 31 општина има Локален совет за превенција. Во нив припаѓаат општините Пласница и Струга од Југозапдниот регион и заседавале во последните две години. Во 18 општини има формирано Локален совет за превенција, но не се активни.Тука се општините Вевчани, Дебрца, Кичево, Македонски Брод. 16 општини не известија дека немаат формирано Локален совет за превенција меѓу кои се општините Дебар и Центар Жупа. Од општина Охрид на барањето за пристап до информации од јавен карактер не добивме одговор и не знаеме дали функционира или дали постои Локален совет за превенција“,кажува Стојановски.

Охрид урбанистички предизвици

Од Центарот за Европски стратегии препорачуваат да се формираат и да се користат Локалните совети за превенција. Исто така, предлагаат издвојување на буџетски средства за програмите поврзани со Локалниот совет за превенција. Од друга страна, напоменуваат дека загрижува фактот што само 5 проценти од граѓаните слушнале за механизмот Локален совет за превенција. Стојановски, напоменува дека е многу важно јавноста да биде известувана за седниците и дискусиите на Локалниот совет за превенција преку веб страната на општината, медиумите или социјалните мрежи.