Skip to main content

црвен крст охрид

Охрид ќе ја одбележи ПХВ недела

Оваа година, неделата ја одбележуваме со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведува на 22.09.2024 во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00.
 |  инфодеск  | 

Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини.

„Оваа година, неделата ја одбележуваме со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведува на 22.09.2024 во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00. Во текот на изминатиот месец, ПХВ младинци и тим од волонтери ја подготвуваат оваа театарска претстава преку која ќе се обидат да го прикажат почетокот и идејата за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина“, информираат од Црвен крст Охрид.

Од Црвен крст Охрид ги покануваат сите заинтересирани да го проследат телентот на нивните волонтери и младинци.