Skip to main content

Охрид ќе се збратимува со Варна

Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција  „Европа на Балканот: Заедничка иднина” .
 |  инфодеск  | 

Охрид ќе се збратимува со најголемиот црноморски град во Бугарија  и трет по големина во земјата, Варна. Оваа информација ја откри градоначалникот на бугарскиот приморски град.  

Општина Варна доби барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот Благомир Коцев, на регионалната конференција  „Европа на Балканот: Заедничка иднина” што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што објави БТА, уште посочил дека потенцијалната соработка како онаа со Охрид, која изразил уверување дека ќе се случи, би дала можност да покажат како европските фондови можат да придонесат за развојот на балканскиот регион.

Извор: БТА