Skip to main content

Охрид ќе добие два инфо туристички центри

Охрид ќе добие два инфо туристички центри.

 |  Валентина Неловска  | 
инфо
инфо

 

За престојната туристичка сезона Охрид ќе добие два инфо центри. Гостите ќе имаат можност информации да добиваат во туристичкото биро на северниот влез во градот и во инфо центарот кај поштата. Сепак инфо центарот на влезот во Охрид од Струга нема да се дислоцира, најавува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. По една година пауза повтороно ќе биде ставен во функција. Ќе биде подобрена неговата сигналиацијата и видливост, а ќе се изгради и пристепен пат сопаркинг простор од Булевар  Туристичка до овој објект, објаснува Апостолов.

центриИзградбата на инфо центрот пак наспроти поштата ќе зависи од динамиката на потпишувње на договорот со Европската комисија во Скопје, укажува Апостолов.  Инфо  ценатрот е проект добиен  со повик за меѓугранична соработка со Грција од ИПА Програмата .При тоа Апостолов не прецизира дали до почетокот на главната туристичка сезона тој ќе биде ставен во функција.

„Не би шпекулирал не звиси од нас штом се потпише договорот ние веднаш ќе пристапиме кон негово поставување. Се зависи од динамиката на потпишување на договорот не само со нас како општина туку и со другите апликанти кои имаат добиено на овој повик.“

 

ИдНеизвесно е што ќе се случи и со туристичкиот информативен центар Лихнидос кај Автобуската станица кој ќе оди под стечај. Тој работеше со загуби и има големи финансиски долгови , напоменува Апостолов.

„Веднаш штом се реши проблемот соова ќе се пристапи кон решавање на проблемот за возобновување илиотврање ново, кое ќе ги работи  задачите кои ги има во својот домен. Тоа се посредување при сместување и давање на услуги од сферата на туризмот, настаните и манифестациите во градот“, вели Апостолов.
 
Во момнеов работат и 5 тач скринови лоцирани во различни делови од градот, напоменува  Апостолов. Два нови се поставени во близина на Св. Софија и ланч барот Објекти а кај автобуската станица потребна е замена на постоечкиот бидејќи е вон функција и не може да биде поправен.

{loadposition content9}