Охрид ќе добие уште еден мини зелен пазар
Охрид ќе добие уште еден мини зелен пазар. ЈП „Градски пазар“ планира да постави 20тина тезги на паркинг просторот кај Општата блница. Ваквата идеја дошла од граѓаните кои досега своите производи нелегално ги продаваа во близина на ова место.
На паркингот кај општата болница ќе биде направен мини зелен пазар. Ова го најави директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска која рече дека идејата за организирање на еден ваков пазар токму на ова место произлегла од продавачите на зеленчук и овошје кои досега на нелегален нанчин го продаваа истото кај кружниот тек во близина на болницата.
Пратејќи ги анализите и потребите на граѓаните на територијата на општина Охрид во делот на територијата околу болницата во соработка со основачот на јавново претпријатие ќе направиме еден организиран мини зелен пазар со што од една страна ќе ги задоволиме потребите на граѓаните, а од друга страна ќе ја сузбиеме појавата на ваквите импровизирани и бесправни пазари, вели Крлеска.
Сеуште не се знае точно на која локација ќе биде пазарот, но се знае дека ќе се постават 20 тезги, вели Крлеска, со можност пазарот понатаму да се проширува, додава директорката. Постапката за добивање локација е во тек, а после тоа ќе бидат обезбедени сите услови потребни за организирање.
Сега на 29 јануари да помини седницата на која е точка на дневен ред поставувањето урбана опрема ние ќе пристапиме кон уредување на просторот што значи за брзо време ќе добиеме уште еден мини зелен пазар во нашиот град, вели Крлеска.
И за на овој пазар закупците на тезги и продавачите ќе мора да поседуваат лиценци. Уште сега има заинтересирани граѓани кои сакаат своите производи да ги продаваат на овој простор.