Skip to main content

Охрид ќе се дотерува пред летната сезона

Охрид ќе се дотерува пред летната сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

Охрид инфраструктурно ќе се дотерува за престојната турисичка сеозна. Се асфалтираат улици, оние што се започнати ќе се довршуваат, хортикултурно ќе се  уредуваат и  осветлуваат површини низ градот, ќе се довршува плоштадот кај мини маркет, пешачката патека кај Студенчишта, ќе се градат спортски игралишта, ова  беа  дел од наведените проекти кои Локланата самоуправа во 2015 ги презема во интерес на туризмот. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција ги изнесе сите  инфрастурктурни  зафати и промотивни активности за престојната туристичка сезона.

канео За период од 8  месеци ќе бидат целосно завршени сите 9 проекти кои ги реализираме со помош на Светска банка, а по завршување на летната туристичка сезона, продолжуваме со интензивните градежни зафати кои ги најавивме во делот на инфраструктурата за 2015 година. Тоа ќе подразбира изградба на уште 4 кружни тековина улицата Туристичка,“ кажа Бакрачески.

Градоначалникот  Бакрачески потсети на превземените мерки за привлекување туристи. Таткото на градот ги наведе субвенциите на приватните станоиздавачи и авио комапнии кои ќе летаат од Охрид кон Лондон и Базел, промотивните тури на туристички агенции,  тур  оператори и медиуми.  Потсети на учеството  и   туристичката промоција на Охрид на  сите туристички саеми во повеќе европски градови.

Охрид

„ Учествуваме на туристичките  саеми во Белград, индиректно во Утрехт, Хелсинки, Брисел, Софија, Берлин, Москва, Гетеборг.Успешна презентација на Охрид имавме и во Европскиот совет во Стразбур и Прага, а планираме промоции  во Љубљана, Сараево и Израел. Настојуваме да донесем што повеќе странски туристи кај нас“, кажа Бакрачески за обидите градот  да има што поуспешна туристичка сеозна.

Градоначалникот пред летната сезона најави и други активности, меѓу кои и средбата со сите туристички субјекти во охридскиот туризам, полицијата, управата за јавни приходи, се со цел да се детектираат сите проблеми во насока на нивно надминување и подобрување на туристичкиот имиџ на Охрид.   

{loadposition content9}