Skip to main content

Охрид конечно доби автопазар

Отворен автопазар во Охрид. Тој ќе работи секоја недела од 07 до 12 часот, а е лоциран на дел од паркинг просторот кај градските гробишта на површина од 5000 метри квадратни. Локалната самоуправа на Охрид во соработка со ЈП за реализација на овој проект потроши 150 000 денари.

 |  Николоска Биљана  | 
avtopazar
автопазар

avtopazarОхрид конечно доби автопазар. Трговците со половни автомобили како и оние граѓани кои што сакаат да купат половно возило, веќе нема да одат во други градови за оваа потреба, рече градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, на денешното официјално отворање на новиот охридски автопазар.

„Сметам дека со ова успеавме да излеземе во пресрет и на граѓаните на Охрид  меѓутоа и на трговците кои се занимаваат со овој бизнис. Само можам да кажам дека авто пазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила туклу и на тешки товарни возила, моторцикли и авто делови“ – вели Бакрачески.

Директорот на ЈП Градски Пазар, Тони Коталески вели дека Охрид одамна требало да има едно вакво место, бидејќи тоа е реална потреба на граѓаните.

avtopazar„Автопазарот ќе работи секоја недела од 07 до 12 часот. Во ова врме ќе бидат ангажирани двајца работници од ЈП Градски пазар кој ќе се грижат за пазарниот ред и хигиената на автопазарот. На посебен дел обелани на тезги ќе се продаваат автоделови. Ние како претпријатие не застанувам етука продолжуваме да внесуваме новини, очекувам еподдршка од граѓаните и се надеваме дека ов идниа ќе допринесеме да ги задоволиме потребите на граѓаните на Охрид“ – рече Коталески.

Мотоциклите за дневен закуп за продажно место ќе плаќаат 50 денари, автомобилите 100 денари, товарни возила до 10 тона 200 денари, а товарни возила со над 10 тона, 500 денари. Дневениот закуп на тезга изнесува 300 денари, а закуп за период од еден месец 1000 денари. Реализацијата на проектот за отварање на новиот автопазар, кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта е изграден со средства од Локалната самоуправа во висина од 2,500 евра, во соработка со охридските ЈП.

{loadposition content9}