Skip to main content

Охрид конечно ќе добие Дневен центар за пензионери

Општината има намера истиот да го смести во деловен простор кој ќе го купи во извршна постапка. Поради неможност за наплата на побарување од должник, општината ќе се стекне со имот чија купопродажната цена пола ќе ја плати а пола ќе ја пребие од побарувањето. Ова е прв случај единица на локлана самоуправа да купува деловен простор врз основ од законот за извршување.
 |  Маја Савиќ  | 

Општина Охрид ќе купува деловен простор, што е прв ваков случај во државава. Станува збор за стекнување со имот преку купопродажба во извршна постапка и пребивање на побарување од должник кое општината не може да го наплати. Тоа денеска на седница беше одобрено од советниците.

Станува збор за должникот Биг стоун ДООЕЛ од Струга. Ние имаме основно побарување од нив од 3 872 750 денари. Купопродажната цена е 4 760 100 ден. Она што ние, пред да се пребиеме со побарувањето што го имаме по однос на оваа купопродажна цена мора да го исплатиме е износот према Халкбанка кој исто е доверител према овој должник и е пред нас за намирување. Износот према Халкбанка е хипотека од 2 097 397 ден и тоа е износот што треба да го платиме. Доколку на тој износ се додаде и адвокатски и извршни трошоци треба Општина Охрид да исплати 2 443 251 ден. “ – објасни секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Остатокот до купопродажбната цена во износ од околу 2 ,6 мил денари ќе се пребие од побарувањето кое го има општината кон должникот. Со тоа општината се стекнува со имот кој во извршната постапка е проценет на 7 мил денари, а за кој ќе плати само 2, 4 милиони.

Оправданието за носење на оваа одлука е тоа што оваа фирма е платежно неспособена, нема од каде да се наплати, нема пари на сметка и единствен имот со кој располага е токму овој деловен објект. Досега немало ваков случај. Се консултиравме со Државен завод за ревизија и во Министерство за локална самоуправа и согласно закон не можевем да најдеме основ, единствен законски основ за стекнување имот на ваков начин е Законот за извршување. “ – кажа Китески.

Деловниот простор чиј сопственик ќе стане Општина Охрид се наоѓа после бензиската Лук Оил на Бул Туристичка, на почетокот на патот кон населбата Чекоштина.

Средства во буџетот за ова имаме. Целта ќе биде откако ќе станеме сопственици на овај недвижен имот истиот во соработка со министерството за социјална политика да го направиме Дневен центар за пензионери. “ – најави општинскиот секретар.

Доколку локалната власт ја реализира оваа намера пензионерите од Охрид ќе го добијат долгоочекуваниот Дневен центар за стари лица со кој ќе се подобрат условите за активно стареење на локално ниво. Охридските пензионери години наназад покрај Дом за стари лица бараат и Дневен центар. Пред една година Групата за грижа и поддршка на старите лица која функционира во рамки на Црвен крст Охрид и официјално како документ достави Иницијатива до Општина Охрид