Skip to main content

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари

Тешка кражба се случи вчера попладне во Охрид. Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари.

 |  Јаковлева Лионела  | 
stefan dimovski
стефан димовски

 

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.стефан димовски

Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа е наша законска обвртска и интензивно работиме на расветлување на случајот, вели Стефан Димовски -портпаролот на СВР-Охрид.

„Статистичките податоци со кои располагаме покажуваат дека како служба континуирано бележиме прогрес во делот на расветлување на казнените дела кражба“, потенцира портпаролот. Тој објаснува дека кражбите се најзастапени во летниот период и тоа најповеќе оние кои се случуваат на плажа. Мета на лепливите прсти се мобилните телефони, паричниците и лап топ компјутерите. Причина за тоа секако е зголемениот број на туристи во градов, вели Димовски. Најчесто крадците се од другите градови на државава, кажува тој. И во вчерашната кражба не е исклучено сторителите да не се охриѓани, додава портпаролот. Димовски рече дека тие како сектор многу работат и на едукација на населението заради превенција од кражби. Тој вели дека граѓаните треба и сами да се погрижат да си го заштитат сопствениот имот.

Посебно оние граѓани кои имаат ваков вреден имот треба истиот да го заштитат. Да инсталираат алармни системи или видео надзор. Исто така можат да ги користат и депоата на банките, сугерира портпаролот.

За ваквата заштита на имотот граѓаните нема многу да платат. Многу повеќе ќе ги чини ако некој се осмели да посегне и им го украде она што е нивно, кажува Димовски.

Инаку, Охрид се наоѓа на четврто место по бројот на кражби по Прилеп, Битола и Скопје.

{loadposition content9}