Skip to main content

Охрид кубури со дефектолози

Во Охрид работи само еден дефектолог.Тоа го покажува статистиката која ја направија охридските либерали.

 |  Николоска Биљана  | 
logo ldp
лого лдп

Охрид кубури со дефектолози. На ова поле од ЛДП бележат поразителни статистички податоци. Од една страна тројца дипломирани дефектолози на подрачјето на општината, сеуште чекаат работа по нивната струка а од друга страна Локалната самоуправа и Централната власт вработуваат нестручни кадри. Ова е погрешна политика на двата субјекти вели потпретседателот на партијата Десанка Тасеска.

dejan ldp„Денес во која и да било земја членка на ЕУ постојат утврдени правила, што значи на определен број на деца со посебни потреби треба да биде соодветно застапен и определен број дефектолози. Кај нас пак бројките кажуваат дека од три лица кои живеат во Охрид се новодипломирани на катедрата за дефектологија на универзитетот Св. Кирил и Методи во Скопје и не е вработено ниту едно од истиве. Со тоа децата кои имаат можност да работат со овие лица својот хендикеп можат да го минимализираат како и да им се овозможи полесна социјализација на истите.

Охридските либерали побараа одговорност од двата големи одлучувачки политички блока на локално и централно ниво. Укажаа и на тоа дека време е некој да покаже одговорност за ваквите случаи и на вистината да и се погледне во очи, дека луѓето се посматраат само како гласачко тело. Тасеска укажа и на други барања а постави и конкретно прашање.
ldp„Зошто на и така многуте партиски вработувања на нестручни кадри не направите вработувања на ваквите лица без оглед на тоа дали ќе бидат партиски или не. ЛДП бара, од ВМРО како централна власт, како и од кабинетот на градоначалникот од СДСМ како локална власт, сериозно да го разгледаат ова прашање и со помош на стручни лица да извршат испитувања на овој проблем, со цел, што побрзо да ангажираат стручни лица кои се важни за развојот на овие деца. Секое изминато време остава далекусежни последици“

На подрачјето на општина Охрид работи еден дефектолог и тоа со неполно работно време, вели потпретседателот на ЛДП, Тасеска. Додава дека согласно нормативите, на 30 деца нужно е потребен  еден дефектолог. Моментално во градинките нема ниту еден дефектолог, така што родителите денес кога се  во трка за приходи, принудени се да остануваат дома и да ги чуваат своите најмили. Од ЛДП кажаа дека работата на дефектологот има клучно значење за децата со специјални потреби бидејќи преку нивната стручна работа многу може да им се олесни животот и да се допринесе за нивна социјализација.

{loadposition content9}