Skip to main content

Охрид се побогат со културни настани

Култура 365 дена. Ова е интенцијата на Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар кои веќе неколку години заеднички воспоставуваат мостови на соработка. Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ох. лето
oh.leto

Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава.  Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија.

Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба  да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска -директор на НУ- Фестивал „Охридско лето“.

Раководителот на охридскиот Народен театар, Горан Стојаноски вели декаиван томашевиќ со „Охридско лето“ веќе неколку години заеднички воспоставуваат мостови на соработка. Релациите кои се направени со соседите од Србија се од исклучително значење и за двете земји. Охридскиот театар има реализирано повеќе гостувања во Србија, а сега нашите северни соседи ќе се престават пред охриѓани со една монодрама за еден великан на српскиот театар. Монодрамата како жанр многу малку и е позната на публиката, вели Стојаноски и додава дека ќе биде посебно доживување за неа.

Во основа е започната една квалитетна соработка која треба да продолжи понатаму. Ова е само еден прв чекор. Искрено се надевам дека публиката ќе биде многу задоволна од тоа што ќе го види, вели Стојаноски.


Автори на монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ се Иван Томашевиќ кој воедно е и актер во монодрамата, и Андреа Ада- Лазиќ. Томашевиќ е воодушевен од гостопримството и соработката со Охридско лето и охридскиот театар. Тој вели дека е голем предизвик да настапи пред охридската публика во улога на еден од великаните на српското глумиште.иван томашевиќ

За еден глумец секој нов настап е нова возбуда. Нема голема разлика во енергијата што треба да ја дадеш подготвувајќи монодрама или некоја друга престава. Мене ми е прв пат да глумам во монодрама. Идејата за тоа дојде сосема случајно пред неколку години кога работевме филм од Зоран Радмиловиќ. Тогаш ме прашаа дали би сакал јас да го глумам Радмиловиќ. На шега реков па тоа би било супер, но тогаш не размислував колкав залак е тоа. Со многу труд го реализиравме овој прпоект, вели актеротТомашевиќ.

Монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ синоќа била одиграна на фестивалот на монодрама во Битола, а вечерва во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев„.

{loadposition content9}