Охрид е најпродаваната еднодневна ексурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море. Туристите од Полска, Чешка, Романија и голем број други европски земји со некоку автобуси дневно го посетуваат градот под заштита на Унеско.
Во Албанија неделно има по 6 чартери од Чешка, или околу 1500 туристи, а од Полска речиси двојно повеќе. Секој втор букира посета на Охрид.

– Охрид е нашата најпродавана ексурзија. Секој втор турист сака да го посети Охрид. Им се допаѓа комбинацијата од убавиот град, историјата, многуте цркви, езрото, природата, вели Мартин Чука туристички водич од Чешка.
– Мислам дека е неверојатно место, премногу историја, премногу култура,убави споменици но и природа, езерото. Евтино е за нас да ја посетиме Албанија зависно од локацијата, последниве години цените растат околу Драч, но Балканот се уште е евтина дестинација за чешките гости, вели Тереза.
-Доаѓаме на еден ден, дојдовме пред неколку часа. Искрено уживам во градот, многу е убаво, луѓето, храната. Во Албанија остануваме седум дена, вели турист од Полска.

Иако овие гости кратко се задржуваат тие имаат значаен туристички импакт. Плаќаат водич, влезници во музеи и цркви, ручек, купуваат сувенири, имаат прошетка со брод и го посетуваат манастирскиот комплекс Свети Наум.

–Почнуваат од Албанија да патуваат кај нас мислам дека треба да го искоrистиме секој момент, секој гостин да не го вратиме назад да ги остави парите кај нас, а и да вработиме луѓе. Да се полни рестораните, дуќаните се што можеме е добро. За жал немаме многу кои тука остануваат се тоа е транзитно но и тоа да го искористиме, вели Ристе Голабоски туристички водич.
Албанија станува се попривлечна дестинација за европските туристи, а главниот туристички центар во земјава има бенефит поради близината. Според странските водичи, треба да се работи на подобрување на патната инфраструктура од македонска страна со што ќе се скрати и олесни патувањето, но и ќе се зголеми бројот на туристи.
Новинар Соња Рилковска