Според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 8,42% и изнесува 103 живородени деца.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување и изнесува 166 лицa.
Природниот прираст е негативен – 63 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Биле склучени 35 бракови во ова тримесечје од годината што е намалување во споредба со истиот период од 2022 година кога биле склучени 40 бракови.
Во ова тримесечје разведени се 11 бракови, што претставува намалување во споредба со истото тримесечје од 2022 година кога имало 18 разводи.
Природниот прираст во Македонија е негативен – 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.