Skip to main content

Охрид дел од проектот на ЕУ „Недела на движењето“

ЈП Билјанини извори ја одбележува Неделата на движњето.

 |  Маленкова Татјана  | 
Sportska sala
Спортска сала

По повод Светската „Недела на движењето„ Ј.П. „Билјанини Извори„ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.
Претпладнево  во спортската сала, за дечињата од детската градинка Јасна Ристеска од клонот Лихнида беа организирани спортски игри.  Дечињата видно задоволни од настанот. Тие откриваат и како и со кого Sportska salaспортуваат дома.

Проектот „Недела на движењето“ е под покровителство на Европската Унија. Годинава во него се вклучени околу 30 држави, а на наша среќа една од тие земји е и Македонија, а со тоа и Охрид. Годинава за прв пат се вклучуваме во овој проект, но со оглед на тоа дека истиот е предидено да трае до 2020 год. Веќе правиме планови како ќе настапуваме следната година, во секој случај тоа ќе биде поамбициозно и поорганизирано и со многу повеќе инвентивни и спортски активности, вели директорот на ЈП Билјанини извори Иван Цветкоски.

„Во оваа недела на движењето, се опфатени најмалите – пет годишните дечиња од Јасна Ристеска од клонотSportska sala Лихнида. Утре во ООУ Григор Прличев каде ќе организираме игри без граници за дечињата и во сабота ќе има „Aerobik Open day“ со почеток од 20.00 часот, каде ги поканувам сите граѓани на Охрид кои сакаат да вежбаат аеробик и каде ќе има како промоција неколу врсти на аеробик и со тоа ќе ја завршиме годинешната недела на движењето“, истакна директорот на ЈП Билјанини извори, Иван Цветкоски.

Целта на неделата на движењето е да се промовира, спортот, и физичката активност. Посебно место му припаѓа и на аеробикот затоа што тој е многу значаен за правилно формирање на телото.
Покровители се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCA со седиште во Копенхаген.
Помагатели на проектот „Недела на движењето„ се Федерацијата на училишен спорт и Факултетот за физичка култура.

{loadposition content9}