Охрид нема евиденција на бездомни лица ниту прифатен центар за нивно згрижување
Нема евиденција на бездомните лица во Охрид. Од Црвениот крст Охрид велат нема пријавени бездомници во ниту една институција. Поради тоа што не се пријавени се смета дека не постојат. Во текот на летната сезона доаѓаат од други градови лица без дом и сместување, кои најчесто просат на туристички фрекфентни локации.
Прифатилиште за сместување на бездомници нема во Охрид, го има во соседна Струга но многу малку луѓе од регионот ја користатат таа услуга.
„Доаѓаат од други градови, луѓе кои немаат дома каде да препсијат, каде да живеат. Опстојуваат по клупите потопло е времето условите им овозможуваат да можат да опстанат и во надворешна средина. Така да имаме тогаш бездомни лица, но повеќе институции се надлежни за решавање на нивните проблеми. Ние гледаме во тие моменти да им понудиме и да им обезбедиме неко сместување. Има таков капацитет во Струга , дел од бездомниците и сите не сакаат да одат во некое засолниште сакаат да бидат на улица и да го прават она за што дошле. Повеќе туристи, повеќе движење тие бездомници просат на улица и тоа е начинот на нивно опстојување”, вели Сашо Точков.
Потребен е прифатен центар каде ќе може да се згрижуваат бездомните лица. Иако станува збор за иницијатива стара десетина години за приспособување на еден објект каде привремено ќе се згрижуваат луѓето, кои поради несреќи или други причини немаат или останале без дом, од сето тоа се уште ништо.
„Ние имавме иницијатива уште пред дестина години да се приспособи некој објект во градот кој што е напуштен, магицин или било што да се направат соодветни простории каде што ќе можат бездомните лица да дојдат . Да се потшишаат, да се истушираат, да добијат лекарски преглед, да ја променнат облеката . Да ги имаат на некој начин под конторла од најразличен начин од епидемиолошки индикации, да не се шират болести, да ја следите нивната здравствена состојба и секако да им се помогне во она што им е потребно. И нормално да им понудите доколку има можност а сега има побарувачка на работна сила да им се понуди вработување да се вклучат во работен процес на некое место”, додава Точков.
Надлежните велат потребно е системско и одржливо решение за социјално загрозените лица кои се на улица.
Новинар Соња Рилковска