Skip to main content

Охрид нема комунален инспектор

Охрид нема комунален инспектор.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Охрид

 

Од Локалната самоуправа денеска излегоа пред камерата на ТВМ со одговори на прашањата за работата на охридскиот инспекторат. 

portparol DzamtoskiПортапролот Томе Џамтоски вели дека генералната отценка е дека инспекторатот работи ефикасно. Од низата прашања кои ги поставивме почнувајќи од организациската поставеност, кој раководи со инспекторатот, колку инспектори има, кој се надлежностите на општинските градежни инспектори до тоа до кои лица граѓаните можат да се обратат за да пријават незаконитости, денес ќе се задржиме на работата на комуналната инспекција. Во моментов во Охрид како најпосетувано туристичко место во државава, нема комунален инспектор. Комуналните редари вршат  работи од областа на одржување на јавната чистота преку  контрола над физичките лица, додека комуналниот инспектро  врши надзор покрај на физички и над правни лица. Врши контрола  на јавни претпријатија и други институции како и контрола на сите прекрошоци сторени на јавна површина. Иако надлежностите се разликуваат Џамтоски вели дека  9-те комунални редари ефикасно се справувале со проблемите од  комуналната сфера. 

Во систематизацијата на работни места во Локалната самоуправа е предвидено такво место, засега тоа не е пополнето, а е неизвесно кога и дали Охрид ќе добие комунален инспектор.

{loadposition content9}