Skip to main content

Охрид нема сточни гробишта

Охрид нема сточни гробишта.

 |  Валентина Неловска  | 
мрша
мрша

Охрид нема сточни гробишта нити санитарна кафилерија. Овој проблем пред извесно време беше актуелизиран со фрлена мрша на пцовисана крава во Чекоштина. Ветеринарниот инспектор, д-р Прокопи Поп Стефанија   укажува дека со угинатите животни и остантите животински  отпадоци мора да се постапува  според Законот за нус појави на производи од животинско потекло.  Локалната самоуправа треба да ја посочи локацијата за сточни гробишта, напоменува д-р Поп Стефанија.  Некогашната јама во Чекоштина, изградена според сите прописи на крајот од педесетите, пред неколку  години била непрописно затрупана. Во меѓувреме ветеринарниот инспектор се обидел да го реши проблемот и побарал од поранешната локална власт да поосчи локација, но од таму  сметале дека градот нема потреба од сточни гробишта. Сега се  надева дека новата власт ќе има слух и наскоро  ќе го реши овој проблем,  вели ветеринарниот инспектор надлежен за охридскиот реон.
мрша
„ Потребата не е само од споредните угинувања на животните туку е и од стратешко значење.Во случај на избивање на зараза не ќе може да се носи надвор од Охрид, па затоа е потребна да се одреди точна локација“.

Секундарните отпадоци од животинско потекло од ветеринаринарните ординации  и месарници засега завршуваат на Буково со отпадот од комунално, информира ветеринарниот инспектор. Биолошките отпадоци од ветеринарните ординации пак, завршуваат во акцелаторите на Дрисла. Закопување на пцовисани животни на сточните фарми не е законски дозволено.   На ниво на Македонија е донесена уредба овој проблем да се решава во специјални објекти. Кафилерија ќе се гради на ниво на државата, а на локално ниво потребно е да се изгради специјална гробница. Д-р Поп Стефанија го посочува позтивниот пример со општина Дебрца.

„ Дебрца се одважи и го реши проблемот и одреди  соодветна локација на сточни гробишта. Претходната локална власт пред неклоку годсини побара мислење и го реши проблемот,  се знае локацијата. Охридската поранешна власт не се одважи и не го реши проблемот, сметаше дека градот нема потреба, што е грешка.“

Ветеринарниот инспектор најавува дека наскоро ќе се сретне со претставници од Локалната самоуправа. Од нив  ќе побара утврдување на локација каде што ќе бидат сточните гробишта, а ќе биде изградена  според техничко- хигиенски услови.

{loadposition content9}