Skip to main content

Охрид никако да го реши проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници

Општината, Свр и други институции сеуште се борат да го решат проблемот со неколкуте собиралишта во градов на нарко зависници. После одржаниот состанок пред една година биле преземени неколку мерки, местата биле осветлени, исчистени и уредени, но тие повторно се претворени во собиралишта на наркомани.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид никако да го реши  проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , приватен објект во населбата Карабегомала се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на дрога.  Години наназад се прават напори овие места да се исчистат и уредат, но попусто. Уште минатата година претставници на секторите за образование, комунални дејности при Локалната самоуправа, одделот за превенција при СВР, урбаните заедници и дел од невладите организаци одржаа состанок на кој се реши местата каде што се собираат наркозависници со заедничка координирана акција на повеќе субјекти, да бидат под засилен мониторинг и превентивно да се делува на отстранување на оваа потенцијална опасност за младите луѓе. На средбата беше договорено и да се организираат состаноци со сопствениците на напуштените објекти и со граѓаните кои живеат во нивна близина како би се превзеле мерки истите да се исчистат и заштитат. На состанокот беа посочени две локации на кои се наоѓаат приватни објекти кои се собиралиште на нарко зависници. Едниот е кај некогашниот отпад а другиот во населбата Карабегомала.


Ние стапивме во контакт со сопствениците на приватниот објект во населбата Карабегомала, општинските инспектори излегоа на терен и тој веднаш го исчисти објектот. НО од тогаш повторно е зараснат во трева и друга вегетација и повторно треба да се исчисти за да не биде посетуван од наркозависници, вели Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности.


Друг објект кој веќе дваесеттина години наназад е собиралиште на наркозвисници е некогашното дописништво на мртв кое се наоѓа зад скалестата зграда.


Уште во текот на месеците септември и октомври минатата година под налог на секторот за комунални дејности екипи на ЈП Комуналец и Градски гробишта учествуваа во уредувањето на овој простор. Најнапред ЈП „Комуналец“ темелно го исчисти овој простор а ЈП „Градски гробишта“ оние влезни капии кои овозможуваат пристап до овој комерцијален објект ги затвори. Но, по дојава на надлежните органи на СВР Охрид имаме инфорнмација дека пред почетокот на оваа туристичка сезона овој објект повторно е обиен и повторно преставува собиралиште на таа ризична група на граѓани, вели Танески.


Од СВР Охрид велат дека борбата за сузбивање на нарко криминалитетот и на идентификување на наркозависниците е постојана. Како што нагласи портпаролот Стефан Димовски, полициските инспектори ги имаат лоцирано сите места каде што имало помало или поголемо собирање на наркозависници и тие места се под постојана оперативна обработка на инспекторите.