Skip to main content

Охрид нова голф дестинација на Балканот

Се повеќе туристи од сите страни на светот одлучуваат летниот одмор да го минат во Охрид токму поради голф терени, кои се први и единствени во земјава.
 |  инфодеск  | 

Голф терените во Охрид се повеќе привлекуваат туристи.  Јаро Ернека   по потекло од Чехословачка, кој живее во  Аргентина, патувајќи низ Европа го откри Охрид како нова  голф дестинација.

Вљубеник во голфот,  го избра главниот туристички центар  за одмор токму поради голф клубот и терените.

-Не сум професионален голфер, но сум луд за голф. Секогаш каде и да одам каде и да патувам барам да има можност да играм голф. Многу сум среќен, барав на интернет и  најдов дека  во Охрид има голф терени каде може да играм и навистина овде најдов второ семејство , вели Јаро Ернекер турист од Аргентина.

-Го Сакам Охрид, луѓето се премногу љубезни, природата е преубава, езерото е неверојатно. Се сместивме во еден хотел кој е во близина на голф игралиштето.  Топло го препорачувам Охрид,  веќе пратив слики од Охрид во Аргентина, Германија, Чешка и САД, вели  Мару Ернекер туристика од Аргентина.

Голфот се смета за  ексклузивен спорт, спој на забава и релаксација, достапна за сите генерации.

-Туристите се повеќе и повеќе во светот кога одат на некоја дестинација гледаат дали има некоја можност за голф. Дали е тоа терен или драјв академија бидејки тоа е еден од најмасовните спортови во светот , вели Александар Гоџо член на голф клубот Охрид.

Во Охрид во 2023 година се изградени првите и единствени голф терени во државава, распослани на 3,5 хектари,  со голф драјв ренџ,  голф игралиште со 6 дупки и голф академија  го ставија Охрид на светската мапа туристички дестинации.

Новинар Соња Рилковска