Skip to main content

Охрид му оддаде почит на  Ванчо Николески, основоположникот на литературата за деца и млади

Со низа свечености здружението Мацково и ЦОУ Ванчо Николески му оддадоа почит на великанот основоположникот на литературата за деца и млади и еден од великаните на македонското литературно творештво воопшто. во чест на Николески шеста година по ред ќе го организираат Балканскиот поетски камп за млади во Црвена Вода.
 |  инфодеск  | 

Охрид му оддаде почит на  Ванчо Николески, основоположникот на македонската литература за деца и млади и еден од великаните на македонското литературно творештво воопшто.

Единственото училиште кое го носи името на Николески, го одбележа патрониот празник. ЦОУ „Ванчо Николески” од Лескоец, и трите подрачни училишта во Косел, Ливоишта и Куратица  со повеќе свечености, нови просторни содржини во употреба, како и со евидентни успеси на учениците на регионални и државни натпревари, го одбележаа денот и  му оддадоа почит.

„Ние го одбележавме патрониот празник, како прво да кажам дека е чест и задоволство да се менаџира со училиште кое го носи името на великанот Ванчо Николески. Учениците заедно со своите ментори односно наставниците приготвија многу убав патронат. Претходно учениците се подготвуваа сепак успеавме, учениците имаа спортски активности конкурси ликовни и поетски. Истите завршија а учениците добија соодветни награди. Исто така имаме гости од Србија од Лесковац од училиштето Светозар марковски и партнер училиштето од Македонски брод . Сите беа присутни и заедно го добележавме патрониот празник”, вели Сашо Климоски директор на ЦОУ Ванчо Николески Лескоец.

Првиот час во земјава е одржан во родната куќа на Ванчо Николески, вели новинарот Веле Митаноски, кој преку здружението Мацково во чест на Николески шеста година по ред ќе го организираат Балканскиот поетски камп за млади во Црвена Вода.

„Не сакаме да менуваме историја првиот час во Македонија одржан е во родната куќа на Ванчо Николески, не во кичевско го одржала неговата прва сопруга, но еве нека остане историски факт ека е во Кичево, но суштински е вака. Се организиравме како друштво Мацково, а Мацково значи селото од кое што тој дошол во Црвена вода, која е составена од три села кои се обединиле. Никој до таа ситуација немаше направено ни знак каде му е родната куќа, во училиштето каде тој предвала, кое едно од првите училишта во земјава подигнавме спомен соба”, вели Веле Митаноски претседател на Здружението Мацково.

Балканскиот поетски кампа за млади се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при Унеско ,  кон крајот на август, секоја година, а започнува во основното училиште во Лескоец,