Охрид освојува нови туристички пазари
Охрид продолжува со освојувањето на нови туристички пазари. Туризмолозите сметаат дека регионалниот настап на европските и светски пазари на туризмот, би можеле да допринесат во туристичко економскиот развој на земјава.
Во интерес на економскиот развој, Охрид има што да понуди и знае како да привлече туристи. Модерните трендови се повеќе го наметнуваат активниот туризам, односно туризам каде гостинот сака да види повеќе дестинации и повеќе туристички производи кои се нудат во регионот. Регионалните пристапи кон привлекувањето на туристи и заедничко излегување на пазар се особено значајни во тој дел сметаат од Секторот за ТЛЕР. Претстои претставување на Охрид на меѓународниот саем за туризам во Солун, на 18 ноември, но овој пат во заедно со градови од неколку земји од регионов, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР
„Она што е посебно важно ќе учествуваме и на конференцијата Филоксенија која оваа година е на тема брендирање или ребрендирање на туристички дестинации. Ние како сектор ќе се претставме таму заедно со туристичките работници однсосно со туристичките сектори на Белград Србија, Пловдив Бугарија и Солун Грција на што посебно внимание ќе се обрнни на можнсота за регионален настап на европските и светските туристички пазари“
Р. Хрватска бележи голем профит од туризмот. Како водечка гранка таа завзема дури 18 % од бруто националниот производ. Добро е да се следи тој пример вели европарламентарката Маријана Петир.
„Ние имаме различни линии на поддршка кои се насочени на туристичкиот сектор, но слушнав дека тоа ги имате и вие овде. Почнувајки од поддршка на туристичките агенции кои носат нови туристи, односно на тур операторите до различни начини на микрокредитирање со поволна каматна стапка, а во времето кое што беше пред пристапно за Хрватска беа и безповратни средствата кои се доделуваа“
И нашата земја постојано го поддржува туристичкиот сектор, преку субвенциите на тур операторите и авио линиите, со што последниве години постојано бележи нагорна линија. Според статистиката расте бројот на туристи а најпосетени градови се Скопје и Охрид.