Охрид е писта на сите веб страни во Европа
Кутаноски вели, авио превозот е основниот проблем, заради кој хотелите во сезона се полупразни. Тој додава дека овој проблем се решава само со соработка на 2 до 3 партнери од наша и странска туристичка агенција.
Директорот на охридскиот аеродром Борис Стефаноски вели дека може да се изнајде решение за овој проблем, од кое сите би имале благодет.
Верица Хајба како туристички работник, вели „ова е комплексно прашање, за кое државата треба да изнајде решение. Хотелиерите често ги мешаат работите, најверојатно заради судир на интереси, бидејќи една цена нудат на агенции од надвор а друга на домашните“.
Интересно е како хотелот со пет звезди „Радика“, на Мавровско Езеро, за време на летната сезона е преполн со гости, а нашите хотели крпарат иако го нудат најголемиот светски бисер Охридското Езеро. Цената игра најголема улога и тука треба да се поработи, кажуват гостите. 30 евра за пансион, како што е случај во „Радика“ е прифатлива цена за сечиј џеб, велат тие.