Главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Хотелите се потполно резервирани, а најбројни ке бидат гостите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Најбарани се тродневните аранжмани со свечена вечера и вклучен дочек на Новата година.
„За новогодишните празници, поголемиот дел од хотелите ке бидат добро исполнети, со оглед на тоа дека неколку хотели се реновираат во овој период и не работат. Но тоа е мал број останатите се веќе добро исполнети , се бара место повеќе, онаму каде што е преполно каде и понудата е подобра. Странски гости имаме но повеќе се наши повратници и екои кои често ја посетуваат државата, како од Холандија, Норвешка но тоа се мал незначаен број. Од друга страна интересот е голем и кај домашните туристи оваа година, од други градови ќе имаме гости” , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Охрид од година во година ја подобрува понудата. Хотелите и угостителите ги следат светските трендови се модернизираат, а според ХОТАМ цените се конкурентни и повторно најевтини во регионот.
„И хотелите во моментов може да се пофалат со нови спа центри веќе повеќе од 50% од хотлеите имаат спа центри кои функционираат и работат. 0240Ценовната политика се одржува спрема барањето знаеме дека влегуваме во нсика сезона која ни почнува јануари, февруари и половината од март. За тој период би рекол се добиваат и поевтини аранжмани ако се разбара по хотелските понуди и тоа е нормално за овој период од говината”, вели Блажески.
Со католички Божик започна зимската сезона на брегот на Охридското езеро, прогнозите се дека солидна исполнетост ќе има и за Божик, Православна Нова година па се до Богојавление Водици.
Новинар Соња Рилковска