Охрид подготвен за „Водици“
Охрид подготвен за одбележување на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
Охрид подготвен за одбележување на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.
Концертот Културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, утревечер на охридскиот градски плоштад ќе го означи почетокот на петдневната празнична програма по повод големиот православен празник Богојавление-Водици.
Во сабота, точно напладне во црквата „Св.Никола-Геракомија“ ќе се одржи чинот на предавање на кумство на годинешните кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, а вечерта во 20 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи Каролина Гочева.
Во недела во куќата на Уранија ќе биде доделена Светска награда за хуманизам на господин Џон Ралстон Сол, по што во 20 часот во Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан документарен филм за Водици.
Централното прослава на празникот ќе биде во понеделник на 19 јануари кога по светите архиерејски литургии во охридските цркви, во 10 часот на градското пристаниште, ќе се одржи чинот на осветувањето на езерските води и фрлање на светиот крст. Според планираното, во 11 часот на градскиот плоштад ќе настапи ансамблот „Билјана Јуниор“, а ќе се дели и вино, топла ракија, плашици и пача. Во 14 часот ќе се одржи масовното крштевање кај месноста Сараиште.
На денот на рибарите во вторник, точно напладне ќе започне културно уметничката програма со охридска старогратска музика. На малиотплоштадот ќе биде изложен риболовен алат, а ќе се подготвува и два и пол тона рибна чорба. Капењето на рибарите и скокањето по бурињата со вино ќе се одржи во 14 часот со што се заокружува годинешната празнична програма.
Инаку вчера, во знакот на христијанската вера и обичаи, започна украсувањето на централното градско подрачје и чаршијата, со црвени водичарски знамиња, а беа поставени и билборди на кои е испишана песната „Во Јорадание“.
{loadposition content9}