Охрид се подготвува за новогодишните празнувања
Започна новогодишното украсување на Охрид. Покрај реквизитите што веќе ги поседува општината, ќе бидат набавени и нови за што се одвоени околу 1.400.000 денари. Новогодишното украсување, локалната планира да биде завршено до празникот Св. Климент Охридски.

За претстојните новогодишни празнувања се подготвуваат и хотелско угостителските капацитети. Голем дел од хотелите уште во ноември ги распродадоа новогодишните аранжмани. Поголемите хотелски капацитети на охридската ривиера ќе бидат исполнети од 60 до 90 проценти.

„Туристичката сезона беше многу успешна оваа година и резултатите од успешноста на тековното функционирање на сите сместувачки капацитети во Охрид си го донесе своето, за новогодишните аранжмани да бидат многу порано распродадени“.– вели Љупчо Цветаноски-сопственик на хотел.
Новогодишните аранжмани во хотелите чинат од 220 до 300 евра. Се очекува солидно да биде исполнето и приватносто сместување, а угостителските објекти ќе подготват богато мени и забава, за што гостите само за дочекот на Нова Година ќе треба да платат од 30 до 60 евра.

„За новогодишните празници исполнети сме веќе 15 дена наназад.Најчести гости ни се македонските туристи,значи домашни и од околните земји,Бугарија,Србија и Албанија. Програма нудиме за Нова Година,дочек со ди-џеј,повеќе за млади луѓе забава“.-вели Владимир Коцаре-сопственик на угостителски објект.

Покрај организираните прослави во угостителските објекти, забава ќе има и на Градскиот плоштад. Од локалната велат дека при крај е подготовката на програмата за организиран дочек на Новата година. Како и минатата година така и оваа забави ќе има пред и по дочекот на најлудата ноќ, и за возрасните и за најмладата популација. Очекувањата се дека и годинава најголемиот туристички центар во Република Македонија ќе привлече бројни посетители, како од земјава така и од странство.