Skip to main content

(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец

Од денес Охрид и албанскиот град  Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града официјално се поврзаа преку воден сообраќај.

 |  Јаковлева Лионела  | 
брод
brod

Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги, Министерот за транспорт и инфраструктура на Р. Албанија, Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј. Јанакиески истакна дека оваа линија се воспоставува со огромен напор меѓу министерствата на двете држави.брод


Ова е дополнителен сигнал за добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија, што ќе значи зголемување на понудата во делот на туризмот во Охрид и во Поградец. Оваа пригода ја користам да ги повикам туристичките работници од двете земји да ја искористат оваа линија за да привлечат дополнителен број туристи во двата града, рече Јанакиески.


Министерот за транспорт и инфраструктура на Р. Албанија, Едмонд Хаџинасто рече дека ставањето во функција на новата линија е историски ден за двете држави.

Оваа линија ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји за побрза комуникација меѓу граѓаните и ќе отвори нов пат, нов простор за развојот на туризмот, рече Хаџинасто.otvarawe brodska linija

И Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изрази задоволство од реализацијата на оваа долгогодишна иницијатива. Тој изрази надеж дека сезонската бродска линија во иднина ќе прерасне во редовна регуларна линија, која ќе функционира преку целата година.

Со измени на спогодбата ќе се овозможи и поминување на границата по Езеро на помали пловни објекти, чамци и брзи глисери, со што ќе се отвори нова етапа на брз транспорт на патници и туристи, пред се за луѓето кои живеат или престојуваат во Охрид и Поградец и нова фаза во развојот на туризмот. Тоа ќе овозможи подобро стопанисување на сите угостителски објекти и сместувачки капацитети што функционираат на брегот на Езерото од двете страни на границата, изјави Бакрачески.

И Градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј задоволен од поврзувањето на овие два езерски града.

После десетина години заложби дојде и овој ден . Сега езерото нема да е тоа кое ќе ги разделува Охрид и Поградец туку тоа кое ќе ги спојува, речеШкембиј.

Инаку, линијата ќе функционира до 15ти септември. Доколку има интерес од граѓаните за посета на овие два крајезерски града, таа ќе стане редовна.

{loadposition content9}